В петок, на 1 октомври 2021 година, во 18:30 часот, во Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде промовирана книгата „Византија и Русија од појавата на Русија до смртта на кнезот Владимир“ од м-р Иле Велков.
Делото ќе го промовира д-р Александар Атанасовски, професор на Филозофскиот факултет – Скопје, Институт за историја.
Промоцијата е дел од 30. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ и се организира согласно протоколите за јавни настани.
