Вo рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2021“ концерт одржа триото „Интермецо“.

Мецосопранот Александра Коцевска, гитаристот Богдан Пејиќ и виолончелистот Божидар Пејиќ настапија со дела од Бах, Де Фалја, Бизе и др. Гостинка на концертот беше и младата Теодора Пејиќ, мецосопран, која настапи со аријата „Хабанера“ од операта „Кармен“.

– Во Кочани секогаш пеам со задоволство, ова е градот на моето детство и прекрасно е да се свири со вакви музичари и пред ваква публика – изјави Александра Коцева.

Концертот се спроведе според протоколите за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.