Поради истекот на мандатот на членовите на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов по вторпат донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа.
Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на урбаните заедници 3 и 9 во Кочани.
Изборот ќе се изврши на собир на граѓани што ќе се одржи на 13 јуни, со почеток во 18 ч. за Урбаната заедница 3, во Клубот на пензионери во објектот „Колор“ и во 19 ч. во Клубот на пензионери на улицата „Охридска“ – за Урбаната заедница 9.
Граѓаните со право на глас треба да понесат документ за идентификација – лична карта.