В среда, 31 мај со почеток во 12 часот, во салата во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 28. седница. На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Годишен план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2024 година
  2. Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2024 година
  3. Годишен план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани за 2024 година
  4. Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари – Кочани за 2024 година
  5. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на користење и управување  на салите во општинските основни и средни училишта: ООУ„Св.Кирил и Методиј“–Кочани, ООУ„Никола Карев“–Кочани, ООУ„Крсте Петков Мисирков“– с. Оризари – Кочани, ООУ„Малина Попиванова“– Кочани  и СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
  6. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  7. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за прочистување на отпадните води на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  8. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување на урбаните отпадни води на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  9. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“- Кочани за период од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година.
  10. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01 до 03.2023 година
  11. Предлог-одлука за давање на недвижни ствари, сопственост на општина Кочани на Месната заедница во с. Горни Подлог, без надоместок
  12. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација – пет сензори за мерење на квалитетот на воздухот
  13. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2023 година
  14. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година
  15. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  16. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за урбана опрема на општина Кочани
  17. План за изменување на Планот на програми за развој за периодот 2023 – 2025 година
  18. Извештај за реализација на Буџетот на Општина Кочани за првиот квартал од 2023 година
  19. Предлог-одлука за изменување на одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
  20. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
  21. Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на Советот на Општина Кратово за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кратово и Општина Кочани
  22. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Кратово
  23. Предлог-одлука за вршење техничка исправка на Деталниот урбанистички план за ГП 11.12 на КП 16688/1, КО Кочани, од Изменување и дополнување на ДУП на дел од град Кочани, локалитет Прокарка (донесен со Одлука бр. 07-1250/1 од 26.12.2003 г.)
  24. Предлог-одлука за вршење техничка исправка на Деталниот урбанистички план за ГП 11.08 на КП 16690/1, КП 16690/2 и КП 16689/6 КО Кочани, од Изменување и дополнување на ДУП на дел од град Кочани, локалитет Прокарка (донесен со Одлука бр. 07-1250/1 од 26.12.2003 г.)