Во периодот од 28 јануари до 2 март 2020 година, во Кочани ќе се одвиваат теренски активности за прибирање податоци за улици и куќни броеви.
Активностите ќе ги спроведува Агенцијата за катастар на недвижности, преку геодетската фирма „Геофото зенит инженеринг“, со која Агенцијата има склучено договор за овие теренски активности за територијата на општина Кочани.
Теренското прибирање податоци за улици и куќни броеви ќе опфати просторни и описни податоци за сите улици и објекти, со фотографирање во сите населени места во Кочани.
Целта на прибирањето податоци за улици и куќни броеви е Агенцијата за катастар да воспостави Графички регистар на улици и куќни броеви и со тоа да ја постави основата за формирање Адресен регистар како единствен и авторитативен извор на адресна информација во Република Северна Македонија.
За да бидат жителите на Кочани непосредно, точно и навремено информирани, Општина Кочани веќе ги извести овластените лица од урбаните и месните заедници, кои ќе бидат во контакт со населението и ќе ја пренесат информацијата за почетокот и времетраењето на теренските активности за прибирање адресни податоци.