В петок, на 31 јануари 2020 година, со почеток од 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 35. редовна седница.

На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:

1. Предлог-план за запишување ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2020/21 година

2. Давање мислење за Статутот на ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани

3. Давање мислење за Статутот на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Кочани

4. Давање мислење за Статутот на ОУ „Никола Карев“ – Кочани

5. Давање мислење за Статутот на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани

6. Давање мислење за Статутот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари

7. Давање мислење на Статутот на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

8. Годишен план за вработување во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари за 2020 година

9. Програма за реализација на завршна екскурзиja со учениците од трета година (четиригодишно образование) и втора година (тригодишно образование) при СОУ ,,Гошо Викентиев“ – Кочани за учебната 2019/20 година

10. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

11.Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници кои вршат административни работи во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

12. Предлог-одлука за давање согласност за вклучување на деца Роми на возраст од 3 до 6 години за престој во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за периодот до 31.08.2020 година за реализацијата на Проектот „Инклузија на деца Роми во јавни општински установи-детски градинки“

13. Давање согласност на Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за исплата на плата на вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани

14. Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2019 година

15. Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2020 година

16. Информација за водоснабдувањето и здравствената исправност и квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод и другите водоснабдителни објекти во општината

17. Информација за активностите на организациите на лица со хендикеп во општина Кочани за 2019 година со програми за работа за 2020 година на сите организации на лицата со хендикеп во општина Кочани

18. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани

19. Правилник за постапка и критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Општина Кочани во областа на спортот

20. Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на општина Кочани за 2020 година

21. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година, IV квартал

22. Предлог-одлука за проширување на Буџетот на Општина Кочани за 2020 година

23. Попис на Општина Кочани – 2019 година

24. Предлог-одлука за давање согласност за снимање и вршење директен пренос од работата на комисиите и седниците на Советот на Општина Кочани на интернет

25. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година

26. Предлог-одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани

27. Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2020 година

28. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Кочани Бр.09-300/1 од 30.01.2019 година

29. Предлог-одлука за утврдување на просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2020 година

30. Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2020 година

31. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2020 година

32. Предлог-одлука за давање под закуп недвижни ствари, сопственост на Општина Кочани.