Секторот за управување со ИПАРД-фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во вторник на 28 јануари 2020 година, со почеток во 11 ч. во салата на Советот на Општина Кочани организира инфо ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020.

На средбата ќе се дискутира за ИПАРД-можностите за македонските рурални средини, односно за мерките вклучени во ИПАРД-Програмата 2014 – 2020: Мерката 1 која се однесува на примарно земјоделско производство, Мерка 3 – преработка на земјоделски производи и Мерка 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Фокусот ќе биде ставен на Мерката 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, а во зависност од интересот, присутните ќе бидат информирани и за поединечни мерки.  

На средбата, исто така ќе биде образложена и постапката пред Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за користење средства од ИПАРД 2014 – 2020, за што е распишан јавен повик, а ќе бидат претставени и примери на успешно реализирани проекти од претходни јавни повици.