ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2 (RELOAD 2)

03.11. 2022

 

ОПШТИНА КОЧАНИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2 (ReLOaD 2)

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD 2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.

Општина Кочани и проектот ReLOaD 2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Кочани и со кои се опфатени следните приоритетни области:

  1. Заштита на животна средина
  • Проектни активности за превенција од загадување на воздухот, дивите депонии и сливовите на речните корита како и за превенција и заштита од пожари;
  • Зачувување на биодиверзитетот – природните реткости и богатства во заштитени подрачја;
  • Проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија и поддршка на иновативни проектни активности за заштита на загадување преку примена на еколошки мерки.
  1. Туризам
  • Подршка на проекти за развој и промоција на туристичките потенцијали на територија на општина Кочани;
  • Проекти за рурален и алтернативен туризам преку искористување и промоција на културно-историско наследство, природните убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда во општина Кочани.
  1. Социјална инклузија
  • Мерки и активности за подобрување на квалитетот на живот на лицата со потешкотии во развој;
  • Проекти за вклучување на децата од образовниот процес, младите лица и лица со посебни потреби во спортско-општествената сфера на животот, со цел зајакнување на спортскиот дух.
  1. Младински иницијативи
  • Проекти за поголема вклученост на младите во општината преку младинскиот активизам и волонтеризам, нивна социјализација како и вклученост во проекти од културата;
  • Проекти и активности за подобрување на вештините и способностите на младите невработени лица преку изучување на занаети;
  • Мерки за превенција од насилство во семејството, врсничко насилство (булинг), заштитата на физичкото и менталното здравје.

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2  (до декември 2024). 

Општина Кочани и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од  март 2023 до крајот на февруари 2024.

ПОДОБНОСТ:

Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации.

Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10). 

ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Јавниот повик ќе трае од 03.11.2022 (од 9:00 часот) до 01.12.2022 (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Кочани може да се обезбеди преку испраќање на барање, во кое е наведено името на заинтересираната организација, на следната адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1 Поштенски број: 2300, Кочани и/или на е-меил: stoimenovs@t.mk  или на lilearsova@yahoo.com, или лично во општина Кочани. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.kocani.gov.mk) како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Кочани на ден 07.11.2022 година, со почеток во 10:00ч во Сала за венчавки на Општина Кочани. Првите два дена од обуката ќе се одржат на 07.11. и 08.11.2022 во Сала за венчавки на Општина Кочани.

Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 28.11.2022, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:

Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Кочани

ул. „Раде Кратовче“ бр.1

Поштенски број: 2300, Кочани

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”.

Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.kocani.gov.mk) и/или на општинската огласна табла.

Објава на јавен повик.

Aнекс 1 – Предлог проект

Анекс 2 – Предлог буџет

Анекс 3 – Логичка рамка

Анекс 4 – План на активности и видливост

Анекс 5 – Формулар со административни податоци

Анекс 6 – Формулар со финансиски податоци

Анекс 7 – Изјава за подобност

Анекс 8 – Изјава за двојно финансирање

Анекс 9 – Листа за проверка

Анекс 10 – Насоки за подносители

Анекс 11 – Цели на одржлив развој

Анекс 12 – Најчести грешки од претходни јавни повици за ГО