Во рамките на подготовките на 31 седница на Советот, денеска, се одржуваат седниците на комисиите.

Комисијата закомунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина средина и природата ќе заседава во 9 ч., комисиите за еднакви можности и за статут и прописи ќе одржат заедничка седница со почеток во 10 ч., Комисијата за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита – во 10.30 ч., Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања – 11.15 ч., во 11.45 ч. ќе заседава Комисијата за култура, образование, спорт и права на децата, Комисијата за финансии и буџет и локален економски развој во 12.30 ч., а Комисијата за земјоделие во 13.30 ч.

Триесет и првата редовна седница на Советот на Општина Кочани, ќе се одржи в четврток, на 30 април 2015 година. Членовите на Советот ќе работат по следниот предлог-дневен ред:

1. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2014 година;

2. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2014 година;

3. Предлог-одлука за донесување на Регионален план за управување со отпад во Источниот плански регион;

4. Информација за подготвителните активности за наводнителната сезона 2015 година;

5. Информација за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча на подрачјето на општина Кочани;

6. Информација за начинот на користење на државното земјоделско земјиште на подрачјето на општина Кочани;

7. Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри“- Кочани за 2014 година и Програма за работа во 2015 година;

8. Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2015 година, од системот за водоснабдување;

9. Информација во врска со одржувањето на ДАФ во Кочани 2015 година;

10. Извештај за работењето на Територијалната противпожарна единица – Кочани во 2014 година;

11. Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2014 година и Програма за работа за 2015 година;

12. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за I квартал во 2015 година;

13. Предлог-одлука за ослободување од комунална такса за јавно осветлување на населени места во кои нема организирано јавно осветлување;

14. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за определување имиња на улици во градот Кочани;

15. Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог мерки за нивно разрешување;

16. Извештаи за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2014 година (градежен, урбанистички, сообраќаен, комунален, угостителски и заштита на животната средина);

17. Извештај за работењето на комуналните редари во администрацијата на Општина Кочани за 2014 година;

18. Извештај за реализација на Програмата за спорт на општина Кочани во 2014 година;

19. Деловник за дополнување на Деловникот на Советот на Општина Кочани;

20. Предлог-решение за именување член на Управен одбор на ЈОУ Библиотек „Искра“-Кочани;

21. Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на СОУ„Љупчо Сантов“-Кочани;

22. Предлог-заклучок за утврдување на Генерален урбанистички план за град Кочани – Општина Кочани, нацрт-план 2013-2023;

23.Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.1679, КО Долни Подлог; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.10970, КО Кочани, КП бр.10971, КО Кочани, КП бр.16805/1, КО Кочани и КП бр.16806/1, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.10893, КО Кочани, КП бр.10887, КО Кочани и КП бр.10886/1, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.10811, КО Кочани и КП бр.10810/1, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.14029, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.12894, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.12543, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.15727/1, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.16079/12, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.11659, КО Кочани и КП бр.11826, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.10111, КО Кочани; промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.6684, КО Оризари;

24.Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената за КП бр.11119/1, КО Кочани, КП бр.11121, КО Кочани и КП бр.11122, КО Кочани;

25. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за КП бр.854/9, КО Тркање и КП бр.854/2, КО Тркање; за КП бр.840, КО Тркање; за КП бр.458/5, КО Пашаџиково; за КП бр.8292, КО Кочани и КП бр.8290/4, КО Кочани; за КП бр.835, КО Бели; за КП бр.1178, КО Прибачево; за КП бр.37/6, КО Лешки; за КП бр.332/1, КО Рајчани; за КП бр.3343/1, КО Бели и КП бр.3273/1, КО Бели; за КП бр.861/2, КО Тркање; за КП бр.369, КО Горно Гратче;

26. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за проширување на опфатот за КП бр.14925, КО Кочани и КП бр.14926, КО Кочани;

27. Иницијативи за измена на ДУП за КП бр.16079/13,КП бр.16079/14, КПбр. 16079/17, КПбр. 16079/3, КП 16079/12, КП бр.16466/2 и 16466/3.