Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Тркање КО Тркање, Општина Кочани , плански период 2017-2027 конечен предлог план со Технички број 19/2017 од октомври 2019, изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ДОО Скопје, со површина 79,72 ха .
Урбанистички план за село Тркање КО Тркање, Општина Кочани, плански период од 2017-2027г. го опфаќа селото Tркање, на подрачјето на КО Тркање, во Општина Кочани. Границите на планскиот опфат се следните:
Северна граница од запад – исток, по северна граница ја сече КП 3494/1, КП 663, се граничи со КП 662/1, ја сече КП 6707/1, се граничи со КП 626, КП 613, КП 617, КП 5967/1, ја сече КП 99 и КП 5965, се граничи со КП 5964, КП 5959, КП 5958, КП 5960/2, КП 5954, КП 5940, ја сече КП 5941, се граничи со КП 5952, ја сече КП 5951/1, се граничи со КП 5951/2, КП 179, ја сече КП 3491/1, се граничи со КП 5753/1, КП 5754, ја сече КП 5758 и КП 6706 (Тркањска река), се граничи со КП 5760, КП 5763, КП 5764, КП 5765, КП 5770/1, КП 5840, КП 5849, КП 5852/1, КП 5848, КП 5857 и КП 5859, сите во КО Тркање, Општина Кочани
Источна граница од север – југ, по источна граница на КП 381, КП 383/2, КП 385, ја сече КП 387, се граничи со КП 484, КП 483, КП 480, КП 479, КП 477, КП 473, КП 472, КП 471, КП 470, ја сече КП 6720 (улица Борис Димитров), се граничи со КП 6142, КП 6144/1, КП 6145/1, КП 6146/2, КП 6147/1, КП 792, КП 1360, КП 6223, КП 6222, КП 6227, КП 6228, КП 6229, КП 6233, КП 6232, КП 6234, ја сече КП 6708 (канал), се граничи со КП 6387, КП 6389, КП 6390, КП 6401, КП 6416, ја сече КП 6414, КП 6413 и КП 6412, се граничи со КП 6411, КП 6410, КП 606, КП 1129, КП 1130 и КП 1132, сите во КО Тркање, Општина Кочани
Јужна граница од исток – запад, по јужна граница ја сече КП 6 727/1 (улица Мите Стојчев), се граничи со КП 6656, КП 6657, КП 6658, КП 6664, КП 6663, КП 6650, КП 6644/3, КП 6643/2, КП 6645, КП 6632, КП 6633, КП 6629, КП 6620, КП 6621, КП 6622, КП 6623, КП 6671/2, ја сече КП 6728/1 (улица Гоце Делчев), се граничи со КП 6674, ja сече (Тркањска река), се граничи со КП 6594/3, КП 6595, КП 6597, КП 6598/1, КП 6598/2, КП 6600, КП 6583, КП 6582, КП 6581, КП 6580, КП 6578, КП 6563, ja сече КП 6715/1 (улица Едвард Кардељ), се граничи со КП 6558, ја сече КП 1655/2, се граничи со КП 1655/1 и КП 1657, сите во КО Тркање, Општина Кочани
Западна граница од југ – север, по западна граница на КП 3502, ја сече КП 6724 и КП 6714, се граничи со КП 6549, КП 6550, КП 6551, КП 6552, КП 6553, КП 6554, КП 6555, КП 6548, КП 6546, КП 6545, КП 6544, КП 6543, КП 6542, КП 6541, КП 6717, КП 6534, КП 6533, КП 6532, КП 6531, КП 6525, КП 6524, КП 6523, КП 6522, КП 6516, КП 6514, КП 6712, КП 6513, КП 6512, ја сече КП 6499/2, КП 6714 и КП 6724, се граничи со КП 6006, КП 5999, ја сече КП 6723 (улица Димитар Митев), се граничи со КП 661/1, КП 3494/2 и КП 661/2, ја сече КП 3494/1, се граничи со КП 655,
КП 654 и КП 649, сите во КО Тркање, Општина Кочани

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Урбанистички план за село Тркање КО Тркање, Општина Кочани плански период 2017-2027 конечен предлог план, ќе се одржи на ден 08.11.2019г. со почеток во 1300 часот во ОУ ” Никола Карев “ с.Тркање.

ЈАВНА АНКЕТА по
Урбанистички план за село Тркање КО Тркање, Општина Кочани плански период 2017-2027 конечен предлог план ќе трае 5 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 07.11.2019 год. до 13.11.2019год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од урбанистичкиот план ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk. , а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Урбанистички план село Тркање.