Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/15, 31/16 , 163/16 и 64/18),    Градоначалникот на Општина Кочани,  го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови од страна на заинтересирани физички и правни лица

   Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се обjавува јавен повик за  доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови од страна на заинтересирани физички и правни лица.

 Јавниот повик  ќе трае  најмалку 30 дена , односно во перидот од 04.02.2019 година до 08.03.2019 година.

Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави Иницијатива за изработка и донесување на  детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место, преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма преку архивата на Општина Кочани.

  Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

 Во доставената иницијатива да се даде образложение за бараната измена , а во прилог да се достави имотен лист за катастарската парцела за која се однесува иницијативата за изработка на  урбанистичкиот план.

 За доставените  иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма.

 Средствата за изработка на урбанистичките планови за прифатените иницијативи  треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите.