На една од локациите близу Кочани која минатата години беше уништена од големите пожари, денес вработените од општинската администрација спроведоа акција за пошумување. Акцијата се спроведе по иницијатива на Општина Кочани со поддршка на ЈП „Национални шуми“ засадија дел од обезбедените 8.000 садници на бор и багрем. Останатите садници е планирано да бидат засадени на други локации.