Седумнаесетгодишната Марија Симеонова, ученичка во гимназијата „Љупчо Сантов“ е избрана за жетварска убавица за 2018 година. Таа ги освои гласовите на жирито кое одлучуваше на традиционалниот избор што се организира во рамки на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.
Од дванаесетте девојки што учествуваа на годинашниов избор, за прва придружничка на жетварската убавица беше избрана Вања Дојчинова, а за втора Благица Христоска и двете ученички во „Љупчо Сантов“.
Во музичко-забавниот дел на изборот учествуваа членови на танчарската школа „Ит д` бит“ на кочанецот Илија Карадакоски и танцовиот клуб „Степ ап“ од Битола.
Трите најубави жетварки ќе учествуваат во обичајот зажнејување што во присуство на делгации од повеќе држави и амбасади ќе се изведе утре, 29 септември, на нива во Институтот за ориз во Кочани.