Во пресрет на патрониот празник, Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ приреди концерт на учениците кои оваа учебна година освоија награди на државни и на меѓународни натпревари. Во Фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ настапија трисетина ученици на клавир, флејта, гитара, виолина и хармоника.
Концертот заврши со настапот на десетгодишниот Иван Милосов, кој на виолина го исполни првиот став од Концертот во a-moll од Аколај.
– Резултатите што ги постигнавме оваа учебна година се посебно значајни, затоа што првпат во историјата на училиштето имаме ученик кој настапи со оркестарот на Македонската филхармонија. Тоа е ученикот Иван Милосов кој го изучува инструментот виолина во класата на Петар Поповски – изјави по концертот директорката на ОМУ „Ристо Јуруков“.