Денеска се одржа втората од предвидените три работилници за подготовка на Стратегијата за развој на општина Кочани, на која учесниците учествуваа во дефинирањето на визијата и мисијата и на определувањето на стратешките приоритети.

Активностите беа контиуитет на претходно изработената SWOT-анализа на состојбите во осум области, меѓу кои економијата, туризмот, образованието, културата, спортот, здравството, социјалата… Регистрираните силни и слаби страни, можности и закани беа доставени и на увид и доработка кај членовите на Советот, граѓански здруженија, социјални, спортски и културни работници.

Следната сесија ќе биде завршна, по која ќе се обработуваат информациите и ќе се изработи документ што ќе биде објавен и во печатена форма.  Стратегијата се изработува низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.

Целиот процес го водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.