![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/07/opstinakocaniasfalt1.jpg)
Започна асфалтирањето на две локални улици во општина Кочани со вкупна должина од 496,47 м и тоа три крака на улицата „Карпошово востание“ и крак на локалната улица „АСНОМ“ во Оризари.
Вредноста на Договорот е 5.466.638,86 денари сo вклучен ДДВ, од кои средствата во висина од 4.300.510 денари се заштеда од реализација на потпроектот „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а средствата во висина од 1.166.129 денари се општинско кофинансирање и ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/07/opstinakocaniasfalt2.jpg)
Работите ги изведува Градежното претпријатие „Изгрев инженеринг ДООЕЛ“ од Велес, избрано по спроведената тендерска процедура согласно правилата на Светска банка.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/07/opstinakocaniasfalt4.jpg)
Реализацијата на овој потпроект „Изградба на две улици во општина Кочани“ е според Договорот за заем склучен помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија, а во врска со остварување на заштедата при реализација на потпроект „Изградба на 10 улици во општина Кочани“ помеѓу Република Македонија – Министерство за финансии и Општина Кочани, со склучен Анекс на Договорот за подзаем.