Општина Кочани ја распиша 29-тата објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, со која се ставени на продажба 13 градежни парцели, од кои пет со намена индивидуално домување, две за лесна индустрија и шест за викенд куќи на Пониква.
Од парцелите за индивидуално домување две се наоѓаат на улицата „Крум Вранински“ и по една на улиците „Пиринска“, „Ѓорче Петров“ и „Јордан Зафиров“, а се со површини од 260 до 393 м2.
Парцелите со намена за лесна индустрија и производство се наоѓаат во месноста Драчевик и се со површина од 1471 и 1150 м2.
Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за овие градежни парцели е до 5 март 2018 г., а јавните наддавања ќе се одржат на 7 март.
Шесте градежни парцели за викенд куќи на Пониква се со површина од 545 до 1129 м2. Рокот за пријавување за овие градежни парцели е до 13 март 2018 г., а јавното наддавање е на 15 март.
Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар.
Целосната објава за продажба на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk.