Согласно Договорот за заем склучен помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија, а во врска со остварување на заштедата при реализација на потпроект „Изградба на 10 улици во општина Кочани“ помеѓу Република Македонија – Министерство за финансии и Општина Кочани, се склучи Анекс на Договорот за подзаем за реализација на потпроектот „Изградба на две улици во општина Кочани“.

Градежните работи се состојат од изградба на две локални улици во општина Кочани со вкупна должина од 496,47 м и тоа три крака на улицата „Карпошово востание“ и крак на локалната улица „АСНОМ“ во Оризари.

Изведувач на работите ќе биде „Изгрев инженеринг ДООЕЛ“ од Велес, избран по спроведената тендерска процедура согласно правилата на Светска банка.

Вредноста на Договорот е 5.466.638,86 денари сo вклучен ДДВ, од кои средствата во висина од 4.300.510 денари се заштеда од реализација на потпроектот „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а средствата во висина од 1.166.129 денари се општинско кофинансирање и ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.

Се планира изградбата на двете улици да се реализира во рок од два месеца, сметано од денот на потпишување на договорот. За проектен менаџер при реализација на изведбата е назначен Влатко Димитров, помошник-раководител на Секторот за уредување и располагање со градежно земјиште во Општина Кочани.