Во организација на Одделението за јавни дејности на Општина Кочани, а во соработка со Асоцијацијата на новинари од Кочани и Општинскиот сојуз на спортови, на манифестацијата „Избор на спортист на Кочани“ што се одржа на 30 јануари во ресторанот „Але-дар“, беа прегласени најуспешните во спортот за 2017 година.
Титулата спортист на Кочани за 2017 г. ја понесе каратистот на „Кочани“, Љубомир Давитков, репрезентативец на Р Македонија, кој минатата година, екипно освои трето место на Балканското првенство во карате. Општината го награди Давитков со ваучер од 10 илјади денари за пазарување во продавницата „Спортисимо“.
По Давитков, на листата од десет најуспешни спортисти се најдоа: Даниела Колева (Тениски клуб „Акватен“), Стојан Николов (Велосипедски клуб „Поскок“), Кристијан Грозданов (Карате клуб „Партизан“), Мартина Шахинова (КК „Партизан“), Ѓорги Петров (КК „Партизан“), Јана Николова (Клуб за гимнастички спортови „Кочани“), Роберто Здравковски (КК „Партизан“), Душан Павлов (атлетичар) и Грегори Давков (ФК „Фудбал старс“).
За најуспешен спортски работник беше прогласен Драгослав Здравков, долгогодишен поддржувач на ФК „Осогово“.
Наградата за најуспешен тренер ја доби Јорданчо Петров, тренер на Карате клубот „Партизан“, кој пак беше прогласен за најдобра спортски тим, во конкуренција на „КГС Кочани“, Џудо клубот „Гладијатор 2016“ и ПСД „Осогово“. За најсупешниот спортски работник, тренер и екипа Општина Кочани обезбеди ваучери по 6 илјади денари.
Од номинираните 18 млади надежни спортисти признанија добија 11, како претставници на 11 спортски клубови: Ана Георгиева (ЖФК „Кочани“), Али Саидов (КК „Ипон“), Антонио Јаношевиќ (КГС „Кочани“), Благој Тасевски (КК „Партизан“), Благој Ананиев (РК „Младинец“), Марко Коцев (КК „Баскет Дино“), Филип Станојков (ЏК „Гладијатор 2016“), Наталија Веселиновска (КК „Кочани“), Давид Костов („Фудбал старс“), Јована Давиткова (ШК „Кочани“) и Ѓорѓи Соколовски (ПСД „Осогово“).
За афирмација на спортот и за поддршка на манифестацијата, Општината им додели признанија на претставниците од локалните медиуми во Кочани.