На VIII Меѓународен натпревар по камерна музика што се одржа на 30 ноември во Кавадарци, учесниците од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани, освоија пет први и две втори награди.
Први награди освоија Горица Јанева и Никола Илиев, на виолина и на пијано, ученици во класата на наставниците Кирчо Крстев и Марија Лазарова;
Ања Цесар и Сара Таковска и Илина и Љупка Карајанкови пијано четирирачно, ученици во класата на Марија Лазарова.
Со први награди – пијано четирирачно, се вратија и двојките Сандра Јорданов и Миа Михаилов, ученици во класата на Драгана Карова Ангелова и Дејан Стојанов и Јана Филипова и Илијана Стојилкова, ученички во класата на Оливер Стоименов.
Втора награда освоија Иван Ристиќ и Јован Филипов, пијано четирирачно, во класата на наставниците Марија Лазарова и Оливер Стоименов и триото виолини и пијано Бојана Николова, Катерина Ајтовска и Јована Крстовска, во класата на Марија Лазарова.
Според директорката на Музичкото училиште, Елизабета Ѓорѓиева наградите се резултат на континуираната работа и посветеноста и и на учениците и на наставниците.