Со поддршка од Агенцијата за државни патишта, деновиве се тампонирани повеќе критични, неасфалтирани улици во Оризари во должина од околу 1 км.

Жителите на овие улици не го кријат задоволството што по триесетина години во Селиште нема да одат по кал.

Според најавите на општинските служби, ќе се тампонираат и улиците „Генерал Апостолски“ и „Кеј на Револуцијата“ – од десната страна на Масалница, каде што градежната механизација го расчистуваше и го подготви теренот за тампонирање.

Со работна рака на жителите на Оризари, а со градежни материјали од Општината, викендов беше бетонирана и патеката кон гробиштата во Оризари, во должина од 60 м. Пристапна улица во должина од 80 м е бетонирана и кај црквата „Св. Атанасиј“.

Ваквите градежни активности ќе продолжат во Аневско Маало и на неколку други локации во Оризари, како и на критични зони во Кочани.