Јована Астерија Накова, деветтоодделенка од ОУ „Никола Карев“ од Кочани е победничка на 18. Општински натпревар „Млади библиотекари“ што се одржа на 17 октомври во Библиотеката „Искра“ во Кочани.
Втората награда ја освои Бојана Јованчева, а третата Мартина Шахинова, двете ученички во деветто одделение во ОУ „Свети Кирил и Методиј“.
– Оваа година на натпреварот „Млади библиотекари“ учествуваа 13 ученици од основните училишта од Кочани, кои покажаа дека добро ја проучиле материјата од прирачникот за подготовка. Првонаградената ученичка ќе ја претставува општината на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи идниот месец во Скопје – соопшти Илија Захариев, член на Комисијата за оцена на натпреварувачите.
Библиотеката „Искра“ им подари книги на учесниците на натпреварот.