На 18 јули 2017 (понеделник спрема вторник) во ноќните часови ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци.
Во втората фаза од запрашувањето од земја, ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.
Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот поволен ден.
Лица за контакт:
Лета Георгиевска, 070/250-694
Влатко Јанкулов, 072/275-694