Библиотеката „Искра“ го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право.
Библиотекарите Илија Захариев и Магдалена Кочовска Салтирова ги прочитаа светската порака од УНЕСКО напишана од Ирина Бокова и македонската порака од Иван Џепаровски.
Традиционално за овој празник, Библиотеката „Искра“ ги награди и најредовните читатели за минатата година. Во категоријата деца и младинци за најуспешна беше прогласена Сандра Костадинова со 68 прочитани книги, а во категоријата возрасни наградата ѝ припадна на Наталија Тодосиева со прочитани 176 книги.
Денот на книгата и авторското право беше одбележан и со претставувањето на публикација „Педесет години Литературен клуб Копнеж“, зборник на творби од 54 членови на овој клуб од сите генерации. Книгата ја промовираше Ленче Стоименова, роднокраен автор.