Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер го посети објектот „Ѕвездички“ во Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, каде што се реализираше донацијата за опремување на две занимални од Сојузна Република Германија.

Алтхаузер истакна дека е многу задоволна од амбиентот во кочанската градинка и од намената на средствата преку Фондот на малите проекти од Амбасадата на Германија.

Средствата во висина од 4 илјади и 400 евра се наменија за детски масички, столчиња и креветчиња, што помогна во подобрување на опременоста на градинка и на поголем опфат на деца во неа.

Градоначалникот Ратко Димитровски истакна дека на средбата со амбасадорката Алтхаузер се воделе конкрени разговори околу целокупната соработка меѓу Општина Кочани и Амбасадата на Германија како и за инвестициската клима на локално ниво.