![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/04/Општина-Кочани-19.jpg)
Почитувани,
Во пресрет на најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, кој повеќе од две илјади години е темел на христијанството во светот, дозволете ми да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодат, Христова љубов, мир и спокој во секој дом.
Овој празник над празниците нека биде поттик да се утврдуваме во вистината и правдата, во трпението и милосрдието – да живееме во верата со добри дела.
Длабоко сум уверен дека токму ваквите големи празници помагаат во јакнењето на националната, меѓунационалната и мултиконфесионалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет. Само така можеме нашата татковина да ја направиме поубава за сегашните и идните генерации.
Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово!
Градоначалник на Општина Кочани
Ратко Димитровски