Општина Кочани ги презентираше постигнатите резултати од буџетскиот форумски процес на шестата (последователна) форумска сесија, што се одржа на 16 февруари, во присуство на околу 90 граѓани. На оваа сесија градоначалникот Ратко Димитровски и општинската администрација дадоа отчет за спроведените форумски одлуки, односно за граѓанските предлози, приоритетни проекти и препораки,што беа тема на дискусија при изготвувањето на општинскиот буџет за 2017 година.
Градоначалникот Димитровски истакна дека општината ги почитувала граѓанските предлози како приоритетни потреби на локалната заедница и сите 30 избрани форумски приоритети ги има прифатено во буџетот за 2017 година, од кои во моментот во тек на реализација се 5 а два се целосно реализирани. Димитровски со задолство информира дека за период од месец и половина 23 % од форумските предлози – 30 приоритетни проекти се решени, и информира детално за планот и динамика на реализација на преостанатиоте 23 проекти.
Сите предлози на граѓаните од форумот кој на петата сесија при гласањето не влегоа во 30 форумски приоритети, во вид на препораки форумот и ги предаде на општината со насока општината да ги има предвид во своите идни развојни планови, Димитровски со задоволство информира дека од вкупно 58 препораки кои ги прими општината 49 препораки или 84 % се прифатени од страна на општината и вклучени во буџетските програми за 2017 година, од кои поради природата на работата 10 препораки ќе се реалзиираат во 2018 година.
Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, им се заблагодари на граѓаните за нивниот придонес во изготвувањето на буџетот за 2017 година и изјави дека форумскиот модел и консултацијата на граѓаните во процесот на креирање на буџетот ќе биде користен и во иднина.
Посебно беше горд што Општина Кочани искреира за 2017 година целосно граѓански буџет согласно потребите на граѓаните.