Во пресрет на 72-годишнината од ослободувањето на Кочани и 25 години независна и суверена Македонија, дозволете ми да го пренесам моето задоволство што живееме во слободна и самостојна, национална држава на македонскиот народ и татковина на сите припадници на другите етнички заедници во неа.
Огромно е задоволството што градиме и се бориме за нов подобар живот во нашата општина.
Наша обврска е и општината и државата да ги чуваме, да ги градиме и да се бориме за нив.
Нашата порака по повод двата големи празника е да живееме во меѓусебно разбирање и почитување, со дијалог и соработка, толеранција и соживот, да се водиме од определбите на Крушевскиот манифест и на асномските документи.
Уште еднаш од сè срце сакам да ви ги честитам празниците и да ви посакам добро здравје, благосостојба и квалитетен живот.
Градоначалник на Општина Кочани,
Ратко Димитровски