Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (“Сл. Весник на РМ“ бр.5/02), а во согласност на член 6 од Правилникот за доделување на стипендии на студенти од Општина Кочани (бр.01-2503/1 од 02.10.2012 и бр.08-1910/1 од 17.09.2014), Градоначалникот на Општина Кочани распишува:
Конкурс за доделување на стипендии за студенти од општина Кочани за студиската 2015/2016 година
Општина Кочани за студиската 2015/2016 година ќе додели 20 стипендии за студенти од општина Кочани:

– 20 стипендии за студенти од јавните високо образовни установи во Република Македонија, од кои 1 (една) за студент од ромската етничка заедница.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студенти кои се:

1. Жители на општина Кочани (од градот Кочани и населените места кои припаѓаат на општина Кочани);

2. Државјани на Република Македонија;

3. Редовни студенти;

4. Не повторувале година во текот на студирањето;

5. Не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;

6. Студентите кои се заинтересирани за стипендија можат да се пријават започнувајќи од втората студиска година;

Критериуми за доделување на стипендии се :

1. Остварен успех во текот на студирањето најмалку 8 (осум),………………………најмногу 70 бода

2. Дефицитарност на кадрите утврдена со одлука на Градоначалникот на општина Кочани………………………………………………најмногу 5 бода

3. Материјалните можности на студентот и неговото семејство кое ќе се утврди врз основа на месечните примања по член од семејство во однос на просечната исплатена плата по вработен во Република Македонија во последните 3 месеци…………………………………………………………….најмногу 20 бода

4. Дете на самохран родител ……………………………..најмногу 5 бода;

За стипендијата на студент од ромската етничка заедница не важи критериумот под точка 1;

Приоритет за добивање на стипендија за студирање на високообразовните установи во Република Македонија имаат децата кои се без родители и деца кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување на деца во Република Македонија.

За овие случаи не се применуваат критериумите од член 4 на овој Правилник.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребни документи:

Пријава кон која се приложува:

– потврда за запишан зимски семестар, односно потврда за започната студиска година;

– уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот има положено 90% од испитите од претходните години;

– изјава за семејната состојба на студентот;

-уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на студентот и на членовите од неговото семејство;

– потврда за висината на платите на членовите на семејството на студентот;

– за членовите на семејството на студентот, пензионери – испратница од пензија за последниот месец;

-за невработените членови на семејството на студентот, потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок.

– фотокопија од лична карта на студентот;

-изјава од студентот дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании;

Пријавата со документите се доставуваат до Едношалтерска канцеларија на општина Кочани или по пошта на адреса: Општина Кочани, улица “Раде Кратовче“ бр.1 Кочани.

Непотполната документација нема да биде разгледувана.

Рок на пријавувањето од 09.10.2015 година до 26.10.2015 година.