Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Кочани , на ден 05.10.2015 година, донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

1. За планскиот документ Урбанистички план за село Грдовци Општина Кочани потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички план за село Грдовци Општина Кочани , се определуваат следните: Општина Кочани, Министерство за животна средина и просторно планирање.

3. За планскиот документ Урбанистички план за село Грдовци, Општина Кочани, за чија изработка е одговорен Градоначалникот на Општина Кочани, а го донесува Советот на општината , донесувањето на планскиот документ Урбанистички план за село Грдовци Општина Кочани, има влијание врз животната средина.

4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните и површинските води, влијание врз пределот,влијание врз биодиверзитетот,влијание врз почвата и влијание во однос на генерирање на отпадот.

5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Кочани на следната веб адреса/и:www.kocani.gov.mk.

6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Бр. 22-1963/2

06.10.2015 год.

Место: Кочан

Бр. 22-1963/2

06.10.2015 год.

Место: Кочани

ОПШТИНА КОЧАНИ

По овластување на Градоначалникот

Бр.08.-2193/2 од 31.10.2014 год.

Раководител на сектор за урбанизам , заштита на животна средина и комунални работи

Зоран Манасиев, диа