На 21 јули, во попладневните часови Кочани го зафати невреме со силен ветар и дожд, при што беа откорнати дрвја, кровови и блокирани локални сообраќајници.
По краткотрајното, но силно невреме, Општина Кочани и градоначалникот Владко Грозданов итно ги мобилизираа надлежните служби: Територијалната противпожарна единица, Доброволното противпожарно друштво и бројни активисти и започнаа интензивна акција за расчистување на најкритичните точки.
Дел од нив веќе се целосно расчистени, акцијата продолжува, сè додека не се обезбеди безбедно и непречено движење за граѓаните.
Градоначалникот Грозданов упати благодарност до сите служби, доброволци и граѓаните кои несебично се вклучија и покажаа дека Кочани знае да се обедини кога е најпотребно.























