Доцна ноќта (21 јули), по невремето што го зафати Кочани, во просториите на Општина Кочани состанок одржа Штаб за заштита и спасување.

На состанокот беа разгледани и мапирани сите проблеми пријавени од граѓаните и реализираните активности на терен. Благодарение на навремената интервенција од службите, беше констатирано дека патиштата се проодни, а паднатите дрвја што предизвикуваа непроодност на повеќе улици се отстранети.

Екипите ќе продолжат со работа на терен и наредниот ден, со цел целосно да се санираат последиците од невремето и да  се нормализира а состојбата во сите погодени подрачја.

– Сите надлежни институции се меѓусебно координирани и ќе останат во постојана комуникација, со цел навремено да се преземат сите потребни мерки и да се обезбеди безбедност за граѓаните – соопшти градоначалникот и командант на Кризниот штаб, Владко Грозданов, кој упати благодарност до сите институции, служби, поединци и граѓани кои од првиот момент беа ангажирани во справувањето со последиците од невремето: Територијалната противпожарна единица – Кочани, КЈП „Водовод“,  Доброволното противпожарно друштво, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Шумската полиција, ЈП Национални шуми – Подружница Кочани, Министерството за внатрешни работи, ЕВН – Кочани, како и до сите поединци и доброволци кои несебично помогнаа таму каде што беше најпотребно.