На 25 јули 2026 година, (сабота), со почеток во 8 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 16. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:

  1. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна  Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2026 година во периодот од 1.1.2026 година до 30.06.2026 година
  2. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
  3. Извештај за работењето  на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 1.1. до 31.12.2025 година
  4. Извештај за финансиското работење  на КЈП „Водовод“ – Кочани за период од 1.1.до 31.12.2025 година
  5. Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2025 година
  6. Извештај за финансиското работење  на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 1.1.до 31.3.2026 година
  7. Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација во Општина Кочани за периодот од јануари до јуни 2026 година
  8. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за период II квартал 2026 година
  9. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на јавно осветлување во Општина Кочани за 2026 година
  10. Предлог-програма за Изменување и дополнување на Програматаза поддршка на образованието на општина Кочани за 2026 година
  11. Предлог-програма за  изменување и дополнување  на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2026 година
  12. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување во општина Кочани за 2026 година
  13. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2026 година
  14. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
  15. Предлог-план за изменување и дополнување  на Планот на програми за развој 2026 – 2028
  16. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2026 година (ребаланс)
  17. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на стапките на даноците на имот за подрачјето на општина Кочани
  18. Предлог-одлука за давање финансиска помош на Доброволното противпожарно друштво – Кочани
  19. Предлог-одлука за давање финансиска помош на Здружението за поддршка на талентирани ученици и млади Бистри умови – Кочани
  20. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавното осветлување, вршење јавен превоз на патници  и превоз на ученици
  21. Јавен повик за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на членови на Управен  и Надзорен одбор на Јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавното осветлување, вршење јавен превоз на патници  и превоз на ученици „Светлина Ко 2022“ – Кочани
  22. Предлог-решение за формирање Комисија за селекција на членови на кандидати за  Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавното осветлување, вршење јавен превоз на патници и превоз на ученици „Светлина Ко 2022“ – Кочани
  23. Барање за меѓуопштинска соработка од Општина Македонска Каменица
  24. Барање за меѓуопштинска соработка од Општина Радовиш
  25. Предлог-решение  за разрешување на членовите и именување членови на Одборот за доделување награди на Општина Кочани
  26. Давање согласност за организирање продолжен престој на ученици од прво до трето одделение во  ООУ„Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари –Кочани
  27. Предлог-одлука за вршење техничката исправка на Урбанистички план на нумерички податоци за ГП Б82.23, (дел од КП 11437 и КП 16903/3 КО Кочани) од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани (донесен до одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
  28. Предлог-одлука за непроширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП 4446/1 во КО Кочани и на КП 80/3 КО Бели, кои се изградени надвор од планскиот опфат
  29. Предлог-одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП 9346 во КО Кочани, КП 13286/1 во КО Кочани и на КП 13286/2 во КО Кочани, чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое се изградени објектите утврдена во важечката урбанистичко-планска документација
  30. Предлог-одлука за проширување на планскиот опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП 926/2 во КО Лешки, КП 458/1 во КО Пашаџиково, КП 1647/2, КП 1648, КП 1529, КП 1651/1 и КП 1650 во КО Нивичани, КП 1063 во КО Тркање, кои се изградени надвор од плански опфат
  31. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ОМУ„Ристо Јуруков“ – Кочани.

Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар.