Во таа насока, Општина Кочани, во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани, испрати шлепер со пакувана вода за пиење како помош за граѓаните на Гостивар.
– Кочани многу добро знае што значи да се поминува низ тешки моменти. Никогаш нема да ја заборавиме подадената рака, поддршката и солидарноста што ја добивме од општините, институциите, компаниите и граѓаните од целата држава кога нам ни беше најтешко. Токму затоа, денес е наша должност да бидеме покрај оние на кои им е потребна помош – истакна градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.
Транспортот и доставата на водата до Гостивар се организирани од Општина Кочани и КЈП „Водовод“.
На граѓаните на Гостивар им посакуваме што поскоро да ја надминат оваа состојба и да се вратат во своето нормално секојдневие.























