Во вторник, 21 јули 2026 г., со почеток од 10 ч. во салата на Советот на Општина Кочани во Мултикултурниот центар, Министерството за економија и Општина Кочани организираат презентација на дел од активните мерки за вработување и самовработување од Оперативниот план за 2026 година: Обука на работно место кај конкретен работодавач и Поддршка во креирање на нови работни места, со посебен акцент на подмерката Раст на правни субјекти.
На презентацијата пред стопанственици од Кочани ќе говорат заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и градоначалникот Владко Грозданов.
На настанот ќе присуствуваат и директорката на Агенцијата за технички иновации „Инова“ Даниела Димовска, како и претставници од Центарот за вработување во Кочани.























