Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в недела наутро, 12 јули, стручни екипи на Друштвото за воздухопловни услуги „Римин ер“ – Штип  ќе ја спроведат втората фаза од авионското третирање против комарци во Кочанско.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.

При неповолни временските услови (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.