Врз основа на член 24 став 11 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.51/2005,137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 , 53/11 , 144/2012, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план вон населено место за спорстко рекреативен центар ПОНИКВА Општина Кочани планска документација 2014-2024 нацрт план ТБ 239/14 од ноември 2014, изработен од Друштво за производство,услуги и промет „ БИЛД “ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со површина од 49,37 ха. Границaтa на планскиот опфат е даденa во графичкиот прилог, и претставена описно со координатите на секоја прекршна точка, од 1 до 182 претставени табеларно.

Јавна презентација по Урбанистички план вон населено место за спорстко рекреативен центар ПОНИКВА Општина Кочани планска документација 2014-2024 нацрт план

ќе се одржи на ден 15.05.2015 г. (петок) со почеток во 1100 часот во просториите на Општина Кочани , во салата на Советот на Општина Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА по 

Урбанистички план вон населено место за спорстко рекреативен центар ПОНИКВА Општина Кочани планска документација 2014-2024 нацрт план

ќе се одржи во периодот од 11.05.2015 год. до 22.05.2015 год., во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда.

Графичкиот прилог на Предлог планот ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk , а подетални информации во врска со предлог планот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.