По подигнувањето на знамето, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за претставници од ромската заедница во Кочани. На средбата се разговараше за актуелните предизвици, но и за постигнатите резултати и идните активности насочени кон подобрување на условите за живот, образованието, вработувањето, домувањето на Ромите.
Градоначалникот упати честитки по повод празникот, истакнувајќи дека Општина Кочани останува посветена на унапредување на еднаквоста, меѓусебната почит и соработката со сите заедници. Претставниците на ромската заедница изразија благодарност за вниманието и поддршката, потенцирајќи ја важноста на заедништвото за создавање подобра иднина.
Одбележувањето на 8 Април во Кочани е потсетник дека културната разновидност е богатство, а заедништвото – основа за напредок на целата заедница.























