На 13. седница беа усвоени: Годишната информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР Кочани во 2025 година; извештаите за реализација на општинските програми за локалниот економски развој, работа на Територијалната противпожарна единица – Кочани; за заштита на животната средина; за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти; за контрола на популацијата на бездомни кучиња; за работењето на комуналните редари; за тековното одржување и изградбата на јавно осветлување во 2025 година; за култура; за остварување социјална, детска и здравствена заштита; за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести; спорт; за поддршка на образованието; за располагање со градежно земјиште во државна сопственост; за комуникација; за ИКТ и за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите.
Советот даде согласност на Одлуката за ослободување од надомест за трошоци за престој на деца во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани кои ги користат услугите за престој во установата, донесе одлука за сопствено учество со кофинансирање на проектот „Изградба на потпорен ѕид на ул. Стамен Манов крак 1 – исток“, како и за кофинансирање на проектите „Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ“ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР) и „Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен Плански Регион“.
Членовите на Советот дискутираат и по Информацијата во врска со Градскиот базен во Кочани; а донесоа одлуки за финансиска помош на Доброволното противпожарно друштво – Кочани и на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, како и на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ – Кочани.























