На 16 и 17 февруари на Пониква се одржува скијачкиот настан „Балкан телемарк тура“, којшто го организира ТАКТ, невладина организација од Скопје во партнерство со Telemark Snow Events од Италија.
Настанот има за цел да ги промовира македонските капацитети за активен туризам и претставува дел од стратегијата на ТАКТ за поддршка и зајакнување на жените и младите преку спорт.
Во рамките на настанот во мотелот „Брвнара“ на Пониква беше промовирана скијачката дисциплина телемарк и специјалните чевли за скијање со подвижна пета. Програмата ја спроведуваат Илина Арсова од „Телемарк Македонија“ со своите гости од Италија и Франција.
Според распоредот на настаните, вториот ден беше планиран за практичен приказ на дисциплината на терен, но изведбата е невозможна поради недостигот од снег.
Проект се реализира втора година низ ски-центрите во Македонија, а годинава се опфатени Маврово и Пониква.