Ќе се уредува влезот во болничкиот комплекс во Кочани од улицата „Кирил и Методиј“, непосредно до Центарот за јавно здравје, соопшти Комисијата за урбанизам на неодамнешната седница одржана во проширен состав.
– Иако се работи за спореден, тој е потребен и често користен приод. Заради тоа ќе го оградиме, ќе изградиме пристапна рампа за инвалиди и бетонски скали. Исто така испланиравме и поплочување со бехатон и осветлување со четири светилки. За овој градежен зафат Општина Кочани ќе намени 283 илјади денари – објасни Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам во Општина Кочани.
Членот на Советот, Сашко Стефановски, којшто неодамна го покрена решавањето на ова прашање преку Советот на Општината, го изрази задоволството што наскоро граѓаните ќе добијат побезбеден и пристоен влез во болничкиот комплекс.