Курсот ќе можат да го посетуваат дипломирани економисти, без оглед на возраста и на работното искуство, што сакаат да се стекнат со практично знаење од областа на сметководството и даноците.
Предавањата ќе се одржуваат во современа просторија опремена со модерна технологија, низ практична работа на индивидуален компјутер со користење софтвер за финансово и материјално сметководство. За утврдување на стекнатите знаења од секоја целина одделно ќе се изработуваат проекти, тестови и задачи.
Во текот на обуката учесниците добиваат бесплатни консултации и помош во водење на сметководство во нивните деловни субјекти и практична обука на софтвер за водење на сметководство.
Обуката ќе трае 24 часа односно 24 дена, до 20 април 2016 година, а ќе се одвива двапати неделно по еден час.
Бројот на учесниците е ограничен, а запишувањето ќе биде според принципот „прв дојден-прв услужен“.
Предавач ќе биде Васе Коцев, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, овластен сметкводител од Министерството за финансии.
Пријавувањето е на Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани, најдоцна до 15 јануари 2016 година.