Договорниот орган – Општина Кочани објави оглас на ЕСЈН и во Службен весник на РМ, за доделување на договор за јавна набавка со спроведување на Отворена постапка , која се спроведува во хартиена форма и завршува со е-Аукција како последна фаза во постапката за доделувањето на договорот за јавната набавка , за предмет :
Изградба и реконструкција на улици во општина Кочани

– Асфалтирање на дел од улица Маршал Тито во с.Горни Подлог

– Асфалтирање на дел од улица Борис Ефтимов во с.Тркање

– Асфалтирање на дел од улица 1-ви мај во с.Долни Подлог

– Реконструкција на дел од улица Гиго Данилов во с.Мојанци

– Асфалтирање на дел од улица Маршал Тито во нас.Оризари

– Реконструкција на дел од улица Михајло Арсов во с.Прибачево

– Асфалтирање на крак од улица Љупчо Сантов во с.Грдовци

– Асфалтирање на дел од улица Григор Прличев во с.Грдовци (кај манастир)

– Асфалтирање на дел од улица Велин Стојанов во Кочани

– Асфалтирање на дел од улица Малина Поп Иванова во Кочани

Отворањето на првичните понуди е јавно и е закажано за ден 24.02.2016 г. во 12:00 часот, во просториите на Општина Кочани, сала за состаноци, први кат.

Увид во тендерската документација заинтересираните економски оператори можат да извршат на интернет адресата на Општина Кочани: www.kocani.gov.mk

Дополнителни информации во врска со спроведувањето на постапката може да добиете на моб.тел. 072/275-637 – Виш соработник за спроведување на постапки за јавни набавки-Силвана Благонова.