Врз основа на член 10, член 30, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и бр.35/18), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-868/1 од 27.04.2016 година), Правилник за изменување и дополнување на на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-2069/1 од 22.11.2017 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-898/1 од 04.04.2018 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-1336/1 од 04.06.2018 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.04-1680/1 од 18.07.2018), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.04-2377/1 од 08.11.2018 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-1018/1 од 07.04.2021 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-1273/1 од 03.06.2022 година),Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр. 01-1158/1 од 08.06.2023 година), Правилник за изменување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр. 01-2301/1 од 27.12.2023 година) и Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Кочани (бр. 01-1019/1 од 17.06.2024 година) Општина Кочани објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С БР.03/2024
за унапредување на 1 административен службеник во
Општинската администрација на Општина Кочани
Општина Кочани, објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник, за работно место:
- Раководител на Сектор за управување со човечки ресурси и поддршка на Градоначалник во Сектор за управување со човечки ресурси и поддршка на Градоначалник, шифра УПР 01 01 Б02 000 – 1 извршител, на неопределено работно време кој ќе ги врши работните задачи за определеното работно место, со нето плата 49.759,оо денари;
Општите услови утврдени со Законот за административни службеници, друг посебен закон или колективен договор кои треба да ги исполнуваат кандидатите за административни службеници се:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки: Политички науки или Медиуми и комуникации
– најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
Потребни општи работни комепетенции на напредно ниво:
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
– потврда за положен испит за административно управување
Распоред на работно време
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 07:30 до 15:30
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Кочани, кој покрај општите и посебните услови за пополнување на работното место треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „ А ” или „ Б “ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на истото ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас
Кандидатите кон Пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и / или
- потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за пријавување на Интерниот оглас е од 27.11.2024 година и трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Кочани адреса: ул.Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани до Одделението за управување со човечки ресурси и до електронската адреса: hr@kocani.gov.mk
Ненавременета, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување, а кандидатот кој ќе внесе лажни податоци, ќе биде дискфалификуван од натамошната постапка по овој оглас.
Во Пријавата кандидатите се должни под матерјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријатата се точни, а доставените докази верни на оргиналот.