Првиот софтвер во државата за е-услуги ЛОГЕС функционира во 25 опшини, меѓу кои и Општина Кочани. Овозможува услуги во секое време, секаде во светот каде што има интернет конекција. ЛОГЕС овозможува безбедно онлајн плаќање и добивање на услугата од општината веднаш, по електронски пат.
Општина Кочани во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет) онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, бидејќи ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.
За повеќе информации разгледајте ги следните линкови:
https://www.fakulteti.mk/news/18032024/onlajn-uslugi-vo-opshtinite-dostapni-a-slabo-koristeni