Најдобрите осуммина ученици од основните училишта од Крижевци, Република Хрватска зимскиот распуст го поминуваат на Спортско-рекреативниот центар Пониква, на Осоговските Планини.
Градоначалникот Љупчо Папазов за време на викентот ги посети учениците на Пониква, за да им посака убав престој во Кочани и на Осоговските Планини. Во склоп на посетата, хрватските ученици минатата недела го посетија ОУ „Никола Карев“ – Кочани, каде заедно со учениците и наставниците од кочанското училиште имаа заеднички активности во чест на Денот на мајчиниот јазик.
Зимувањето на учениците го овозможува Општина Кочани, во рамки на соработката со хрватскиот збратимен град Крижевци. Градот Крижевци, пак им овозможува летување во Хрватска на најдобрите ученици на генерацијата од Кочани.