Денеска, министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски беше во посета на општина Кочани, каде заедно со градоначалникот Љупчо Папазов остварија посета на новата детска градинка во населба Драчевик, која сѐ уште не е пуштена во употреба. Детската градинка има капацитет од 112 дечиња, што би овозможило згрижување на дечиња во Кочани кои се на листа на чекање.

Со посетата беа утврдени недостатоците и проблемите кои се пречка за пуштање во употреба на градинката, како што е досегашното неиздавање на согласности за вработување од страна на МТСП. Во истовреме се вршат санации на фасадата на градинката, поради недостатоци во извршената работа од страна на изведувачот.