Започнаа теренските работни активности на Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани за расчистување и уредување на дрворедот на улица „Димитар Влахов“ на влезот на градот и околу стадионот „Никола Мантов“.
Се работи на кастрење и сечење дрвја, гранки и диво израснато зеленило, уредување на просторот со механизација од наноси на земја итн.
Ваквите теренски активности ќе продолжат да се одвиваат и во наредниот период на нови локации во градот.