Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со техничкиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

На денешната средба се разговараше за активностите на општината во делот на земјоделството, предизвиците со кои се соочува општината и кочанските компании, како и можностите за воведување на нови проекти и мерки.

Во текот на денешната посета од страна на техничкиот министер беше остварена средба и со кочански компании и оризопроизводители од кочанскиот крај.