Со организирана забава, музички групи и новогодишен огномет, голем број гости и жители на Кочани, Новата 2024 година ја дочекаа во Градскиот парк.
Во пресрет на Новата година, публиката уживаше во настапите на Андријана Јаневска и Бојана Скендеровски, а со нив настапија хористите од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани.
Новогодишната програма беше збогатена со дувачки оркестар и диџеи.
Празничната програма што ја организира Општина Кочани во соработка со „Пролет-бар“ ќе трае до 14 јануари.